Се предвидува да се воведат постпејд и припејд модели за наплата на патарина, како и можност за надополнување на електронските уреди М-карта и М-таг преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата земја. – Целта е да се намалат гужвите на наплатните станици, да се зголеми ефикасноста и да се поттикне користење на електронски системи за плаќање – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска Трајковска, која соопшти дека се поднесени ...
„Денеска сакаме да ве информираме за важен чекор што го направивме во насока на подобрување на патната инфраструктура и унапредување на сообраќајната безбедност во нашата држава. Заедно со неколку пратеници и во консултација со министерот за транспорт, господинот Александар Николоски и неговиот кабинет, поднесовме измени на Законот за јавни патишта. Ќе ги издвојам трите најзначајни новини од предложените измени: подобрување на безбедноста на ...