ДРАГАН МИШЕВ Дека црно им се пишува на работниците и нивните права со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ, стана јасно кога по само еден ден откако дотогашниот премиер Талат Џафери му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски, од Стопанската комора му доделија награда на новиот премиер Мицкоски за, внимавајте, по само еден ден на функција, градење партнерство и заедничко дејствување за ...
Со непреземањето мерки и непокачување на платите што ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни, Мицкоски се става во служба на бизнис заедницата, доведувајќи ги работниците во потчинета положба во однос на работодавачите, додека се борат за гол опстанок. И ако е по она народната, „По утрото денот се познава“, црно им се пишува на работниците во наредниот период од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот ...