Затоа што селекторот Благоја Милевски е суспендиран и нема да ја води Македонија на гостувањето кај Казахстан, на прес-конференцијата мечот со ривалот во Астана го најави Роберт Стојановски. Човекот кој е дел од стручниот штаб и е асистент на Милевски ќе биде крај аут-линијата. За дуелот тој кажа дека нашиот национален тим е подготвен да се надигува со ривалот иако ќе се игра на поинаква подлога. „Ова е квалификациски натпревар. Сите опции се во ...
Роберт Стојановски официјално беше предводник на Македонија од клупата. Стојановски кој го менуваше суспендираниот селектор Благоја Милевски, е задоволен од победата. Помошник селекторот објасни зошто имаше пад во играта во второто полувреме. „Одигравме две различни полувремиња. По мечот против Белгија кој беше екстра интензивен точно знаевме дека нема да можеме да одиграме две полувремиња со исто темпо. Затоа на полувреме се договоривме да ...