Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026. Ваква работилница, во недела, 28-ми декември, ќе се одржи и во селото Велгошти. – Ѕвездите се главно обележје на Бадниковата поворка, како симбол на ѕвездата деница која му го покажала патот на тројцата мудреци ...
Со особена радост и божикна возбуда ве известуваме дека и оваа година Бадниковата поворка ќе започне под мотото „Со Божикната радост срца да стоплиме“. Во духот на најубавата христијанска традиција, ги покануваме сите деца и нивните родители да бидат дел од оваа свечена и радосна поворка, која веќе со години ги обединува сите генерации во нашиот град. 🔔Четвртата проба ќе се одржи на: 📆27.12 (сабота) ⏰12:30 часот 📍 Храм „Св. ап. Петар и ...

