Скопје/Охрид, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според регистарот на Министерството за економија, во Скопје нема ниту еден ноќен клуб-кабаре со лиценца за работа. Во овој регистар се објавени сите локали кои добиле дозвола за работа во текот на минатата година, јави порталот expres.mk. Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски истакна дека вкупно 12 локали имаат лиценца, но ниту еден од нив не се наоѓа на територијата на главниот град. ...
„360 степени“ имаше увид во неколку согласности кои ги издава Министерството за внатрешни работи во однос на заштитата на јавниот ред и мир и безбедбоста во сообраќајот, кога некој правен субјект ќе побара дозвола за кабаре, ноќен клуб или дискотека. Во нив јасно е наведено дека Согласноста важи една година, но и дека ако правниот субјект не постапува согласно Законот за угостителство, таа може да биде повлечена. Тоа значи дека ОВР Кочани ...