Силекс и Арсими во Кратово го играат својот дуел од петнаесеттото коло на Првата македонска лига, но условите на теренот се далеку од идеални поради обилните дождови во нашата држава. Натпреварот доцнеше дваесетина минути поради состојбата на теренот, а после почетокот, стана очигледно дека екипите ќе имаат тешка задача да се снајдат во овие исклучително неповолни услови. Се игра динамично и со шанси на двете страни, но топката на моменти ...
На тежок терен за игра, Арсими приреди едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек од сезоната, совладувајќи го Силекс на гости со 1-3 во воведниот натпревар од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига. Поради големата количина вода на теренот, мечот започна со доцнење од околу дваесет минути. Локвите, калта и честите запирања на топката го правеа секое додавање предизвик, но и покрај тоа, дуелот понуди динамика и голем број шанси на ...

