Снимката објавена на социјалните мрежи, како што наведува британски Гардијан, прикажува како Ахмед соборува на земја еден од наводните напаѓачи на плажата Бонди и му ја одзема пушката. Телевизиската мрежа Ал џезира емитуваше нешто подолга снимка, на која се гледа како храбриот граѓанин, откако го разоружил напаѓачот, ја вперил пушката кон него. Но не запукал во напаѓачот, кој полека се оддалечил. Напаѓачот потоа дошол до блискиот пешачки мост, ...

Светот му оддаде почит на Ахмед ал Ахмед (43), човекот кој ризикувајќи го својот живот, спречи поголема трагедија за време на нападот на плажата Бонди во Сиднеј. Додека се опоравува во болница од прострелните рани, донациите за него надминаа 1,1 милион австралиски долари (околу 744.000 американски долари). Ахмед, продавач на овошје и зеленчук и татко на две деца, стана симбол на храброста. За време на прославата на еврејскиот празник Ханука, ...