„ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува нашата доверба затоа што се истите тие по име и презиме кои беа најблиски соработници со Никола Груевски. Тоа се децата на Груевски кои знаат само на таков начин да владеат. Се е исто. Генералниот секретар на таа партија е сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски беше прв до Груевски, Антонио Милошоски беше прв до Груевски, тие луѓе сега сакаат да добијат нова шанса да ја водат Македонија. На своја кожа ...

Доколку некој се најде во дилема за кого да гласа на избори дека треба да има предвид дека СДСМ е целосна спротивност од опозицијата, порача вечерва претседателот Стево Пендаровски на митинг со граѓаните во Гази Баба. – Во моите изминати пет години ние сме имале и грешки, но тука е разликата, сите кои го прекршиле законот се соочија со законот и дел од нив се или во затвор или во притвор. Не се памети еден случај на вмровски активен функционер ...