Најмалку 25 луѓе, вклучувајќи и туристи загинале во голем пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа. Пожарот, кој избувнал околу полноќ, најверојатно бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот. На снимките кои се објавени на индиските медиуми се гледа како пожарот почнува на плафонот додека трае настап на музичко-танчерска група. Додека огнот се шири, посетителите и изведувачите бегаат кон излез. ...
Најмалку 25 лица загинале откако избувнал пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа, јавија локалните медиуми рано изутринава, цитирајќи ја државната полиција. Повеќето од жртвите се верува дека биле вработени во објектот, објавија „Индиан експрес“ и други медиуми. Властите се сомневаат дека пожарот, кој избувнал околу полноќ, бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот, ја цитира новинската агенција ...

