Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, денеска во текот на ноќта утре и в петок во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на ...
Денес, четврток, 16 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 16 степени. Утре, петок, 17 октомври, во Битола времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до ...