На само неколку дена до истекот на рокот, 17 општини сè уште немаат доставено ниту еден проект за финансирање преку вториот јавен повик за општинска инфраструктура. Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска јавно ги објави имињата на досега неактивните општини, меѓу кои и големи урбани центри, но и рурални заедници со сериозни потреби за капитални инвестиции. Во списокот се најде и Крушево, но оттаму велат дека не се откажале. ...
Градоначалниците имаат уште три дена да аплицираат со инфраструктурни проекти. Во среда истекува крајниот рок до кој тие можат да поднесат барања за финансирање на проекти од страна на Владата во висина од 245 милиони евра, пари обезбедени со кредит од Унгарија. Досега 63 општини беа ажурни и веќе поднесоа апликации за да го подобрат живеењето во нивните општини. На пример, градоначалникот на општина Бутел побарал пари за десетина проекти, а ...
Пробиштип, 25 април 2025 (МИА) - Општина Пробиштип денеска аплицираше со 12 проекти, кои ќе се финансираат од вториот повик за искористување на средства од унгарскиот заем. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов соопшти дека акцент е ставен на патната инфраструктура во повеќе населени места во општината, а вредноста на проектите е два милиони евра. -Општина Пробиштип денеска аплицираше со вкупно 12 проекти, какошто е уредување на ...