Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, го повика Бразил да го искористи своето влијание и да помогне да се убеди рускиот претседател Владимир Путин да учествува на состанокот во Истанбул и да го поддржи украинскиот предлог за 30-дневно примирје. – Зборував со бразилскиот министер за надворешни работи, Мауро Виеира, за мировните напори и активните дипломатски контакти оваа недела. Го повикав Бразил да поддржи безусловно ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руската делегација веќе пристигнала во Истанбул и е подготвена да ги започне директните преговори со Украина, додека украинската страна сè уште не е пристигната. Песков наведе дека руската страна ги чека украинските преговарачи, а преговорите се очекуваат во следните неколку часа, најверојатно за 2 до 3 часа, јавија руските медиуми. Песков посочи дека плановите за можен преговарачки ...