Ливерпул веќе сосема извесно го добива Флоријан Вирц од Баер Леверкузен како свое големо засилување во летниот преоден рок. И, Фабрицио Романо известува дека Ливерпул оваа недела ќе го потпише Флоријан Вирц. Понудата беше 130 милиони евра, а Вирц би бил најскапиот дојдовен трансфер во историјата на Ливерпул. Минатата сезона, 22-годишниот Вирц постигна 16 гола и имаше 15 асистенции во 45 настапи. Тој игра како офанзивен играч од средниот ред. 🚨 ...

Лондон, 3 јуни 2025 (МИА) – Веќе нема дилеми дека играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц (22), ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул, откако раководството на премиерлигашот се договори за петгодишен договор со германскиот репрезентативец и сега преостанува да се „ценкаат“ околу висината на обесштетувањето, објавија денеска британските медиуми. Вирц ги одби понудите од Баерн Минхен и Манчестер Сити и одлучи да се пресели на ...