Мадрид, 4 април 2025 (МИА) - На ѕвездите на Реал Мадрид им се закануваше суспензија за натпреварот против Арсенал во Лигата на шампионите, но ништо нема да има од тоа, бидејќи УЕФА беше милосрдна кон нив и не ги суспендираше. Килијан Мбапе, Антонио Рудигер, Винисиус и Дани Себаљос со контроверзни гестови го прославија својот неодамнешен пласман во четвртфиналето над Атлетико Мадрид. Мбапе се стискаше за меѓуножјето, а Рудигер правеше гест на ...

Килијан Мбапе, Антонио Рудигер, Винисиус и Дани Себаљос со контроверзни гестови го прославија својот неодамнешен пласман во четвртфиналето над Атлетико Мадрид. Мбапе се стискаше за меѓуножјето, а Рудигер правеше гест на колење со палецот преку вратот. На Рудигер најмногу му се закануваше суспензија, но на крајот се извлече со „само“ 40.000 евра казна, додека Мбапе ќе плати 30.000 евра. Себаљос е казнет со 20.000 евра, а Винисиус остана ...