Економијата на Данска стана неразделно поврзана со судбината на фармацевтскиот гигант Ново Нордиск, производител на популарните лекови Оземпик и Вегови. Успехот на компанијата ја поттикнуваше данската економија со години, но неодамнешните знаци на забавување предизвикаа загриженост за преголема зависност. Ова е потврдено со значителното намалување на прогнозата за раст на БДП за 2025 година, од 3 на само 1,4 проценти. Препорачано Влијанието на ...
Централната банка на Данска значително ќе ја намали економската прогноза за 2025 година поради послабиот раст на продажбата на „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk A/S) и американските тарифи, изјави гувернерот. Во интервју во четвртокот, Кристијан Кетел Томсен призна дека мартовската прогноза за раст што ќе ја надмине минатогодишната стапка од 3,5 отсто повеќе не е реална, имајќи ја предвид комбинацијата од проблемите на фармацевтскиот гигант и ...