Реал Мадрид покажа сила и после три ремија во Ла Лига, конечно, дојдоа до победа. „Кралевите“ го освоија Билбао, со победа над Атлетик со 0-3, во кој блескаше Килијан Мбапе со два постигнати прекрасни гола, и една асистенција. Уште во седмата минута со одличен удар, Килијан Мбапе стигна до првиот гол. Мбапе го постигна голот по додавање на Трент Александер-Арнолд, кој ја запиша првата асистенција. Во 42. минута Мбапе асистираше до Камавинга, кој ...

Килијан Мбапе постигна два гола и го предводеше Реал Мадрид до сигурна победа против Атлетик Билбао и крај на негативната серија во шпанското фудбалско првенство. Реал славеше со 0:3 како гостин во Билбао, а Мбапе рано го најави текот на натпреварот и триумфот на избраниците на Чаби Алонсо. Французинот погоди уште во 7. минута и тоа со индивидуален потег кој беше комплетиран со атрактивен гол со удар од поголема далечина, а голманот Симон немаше ...