Екипата на Пелистер продолжи да победува на домашната сцена и славеше над Феникс 2010 од Скопје (89-68) во рамки на четвртото коло од Суперлигата на Македонија, па застана на врвот со најдобрите. „Зелените“ за разлика од претходниот меч со Маџари ја поправија играта. Ако минатиот дуел беше во егал и тесен, овој, не покажа доза на неизвесност во ниту еден наврат. Избраниците на Даскаловски беа тие кои го контролираа резултатот од почетокот па до ...
Кошаркарите на Пелистер останаа со перфектен учинок, и дојдоа до четвртата победа од исто толку натпревари, и им се приклучи на екипите на Куманово и ТФТ, кои имаат ист скор. Вечерва на свој терен пелистерци беа подобри од Феникс, и го совладаа со 89-68. Во текот на целиот натпревар, Пелистер беше доминантен и во водство, не дозволувајќи во ниту еден момент гостинот да ја загрози победата. Проблеми домашниот тим имаше само во првата четвртина ...

