Гран при за најдобар краток филм на 20. издание на „Астерфест“ доби холандскиот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам. Со „Златната потковица“ се закити македонскиот „Избор“ на Марко Црногорски, „Сребрената потковица“ ја доби полско-францускиот „Сок од портокал“ на Александар Атане, а „Бронзената потковица“– францускиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадун и Софијан Шуеб. Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“, пак, му припадна на хрватскиот ...

Се конципира конкурс за серии кој би бил отворен во јануари. Веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече в.д. директорот Сашко Мицевски Македонија мора да дефинира што е филм од национален интерес. Досега биле финансирани проекти кои сметам дека не треба да припаѓаат во таа категорија. Нив треба да ги финансира МРТ или некоја друга сродна институција, рече в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски на ...

Дебитантскиот долгометражен филм „Оче наш“ на писателот и режисер Горан Станковиќ е вклучен во официјалната селекција на јубилејниот 50-ти Меѓународен филмски фестивал во Торонто (TIFF), како дел од престижната програма Discovery, која ги афирмира највозбудливите нови автори на светската кинематографија. TIFF се смета за еден од највлијателните фестивали на современиот филм, а селекцијата Discovery е позната по лансирањето на кариерите на ...