ГАЗА (АА) - Новинарот Адем Ебу Хербид и тројца негови роднини се убиени во напад на израелската армија врз градот Газа, кој се наоѓа на северниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите што дописникот на Анадолу ги доби од медицински извори, израелската армија бомбардирала шатор во близина на централниот дел на градот Газа во кој биле сместени раселени цивили. Новинарот Ебу Хербид и тројца негови роднини се убиени во нападот, ...
Израелската војска објави пауза во воени активности во три области во Газа, набргу откако кажа дека презела неколку чекори за олеснување на хуманитарната криза во палестинската енклава. Паузата, која ќе го опфати и градот Газа, ќе трае од десет до 20 часот на ден до натамошно известување. Египетските медиуми објавија дека камиони со помош тргнале од Египет кон Газа, што следува по неколку месеци меѓународен притисок и предупредувања од ...
Камиони со помош почнаа да се движат кон Газа од Египет, по месеци меѓународен притисок и предупредувања од агенциите за помош за ширење на глад во палестинската енклава. Израел вчера соопшти дека започнал со воздушно исфрлање помош во Газа и презема неколку други чекори за ублажување на хуманитарната криза во Газа, а неколку држави најавија дека ќе се вклучат во акцијата. Израелската војска соопшти дека ќе бидат воспоставени хуманитарни ...
Апелите од Европската Унија за распределба на хуманитарна помош во Газа, додека Палестинците страдаат од глад поради израелската блокада, нема да бидат ефикасни. Затоа, неопходни се санкции кон Израел, порачаа група хуманитарни организации. „Твитовите не ги хранат луѓето. Изјавите не ги отвораат премините за помош.“ Бушра Халиди, претставничка на хуманитарната организација Оксфам, изјави дека е зачудувачки што ЕУ се одлучува за бесмислени ...