Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија на својата седница донесе одлуки, од кои што дел се однесуваат на спорниот дуел помеѓу екипите на Кожуф и Башкими во рамките од ПМФЛ шампионатот. Истите се однесуваат на тренерот на Кожуф, Славчо Георгиевски како и на техничкиот директор на клубот Пепи Георгиев. И обајцата се суспендирани на по две години забрана за вршење на било каква функција во фудбалот. Целокупниот извештај ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, врз основа на доставените извештаи и официјалните забелешки, на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи: Препорачано Забрани за извршување функција: – Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години; – Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 ...