Денеска се одржа протест на пензионерите во Жена парк во Скопје и порачаа дека сакаат поголеми пензии. Според пензионерите, во моментов не земаат доволно високи пензии за да имаат пристоен живот. – Бараме минималната пензија да биде 25.000 денари. Струјата е поскапена, парното и водата исто така. За храната да не зборувам. Во изминатите денови имаше протест на пензионерите и во другите градови. Тие бараа зголемување на пензиите од септември за ...

Скопје, 9 август 2023 ( МИА) - Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии, побараа на денешниот протест пензионерите. На протестот, кој се одржа во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест. -Да се покачи минималната пензија, задолжително и што побрзо. Висината на минималната пензија да биде со висина на минималната плата. Второто ...

Скопските пензионери денеска излегоа на протест со барање за покачување на минималната пензија во согласност со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии. Тие на протестот што се одржа во Паркот на жената борец истакнаа дека не се работи за партиски протест, туку за егзистенцијален. Пензионерите посочија дека моментната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот. За наредната недела најавија помасовен протест со пензионери ...