Внимателно со реформата на зголемување на старосната граница за пензионирање. Експертите предупредуваат дека пред да се прифати вакво нешто, мора да се отвори поширока дебата. Според нив, клучен предизвик е одржливоста на пензискиот систем. Дел од нив предлагаат зголемување на уделот во задолжителниот фонд или вклучување во доброволниот, односно третиот столб кој треба да ја покрие разликата меѓу последната плата и првите пензиски примања. ...

Германскиот пензиски систем презема чекори за заострување на контролата врз пензионерите што живеат во странство. Вкупно 1.703.282 пензии моментално се исплаќаат во странство. Контролите сега се насочени кон пензионерите над 100 години. Германија моментално исплаќа 4.306 пензии на лица што живеат во странство за кои се претпоставува дека имаат 100 години или повеќе. Каде живеат повеќето стогодишници со германски пензии? Затоа, процентот на ...