Заедничко чествување на пет историски личности и по пет препораки за измени во историските учебници за 5 клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија, досега постигнала заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Историските личности се од среден век, а учебниците се однeсуваат на периодот на антиката. Сега на потег се Владите. Договорено е заеднички да се чествуваат Светите Кирил и Методиј, Светите Климент ...

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања предлага по пет препораки за надминување на историските разлики и недоразбирања меѓу двете земји, коишто ќе бидат предложени на владите во двете земји. Првиот човек на Комисијата, копретседателот Драги Ѓоргиев, информираше дека ќе се менуваат делови од учебниците во двете земји за кои има недоразбирање. „Проценивме дека тие можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двете ...