Екипата на Милан не ја оправда фаворитската улога и одигра нерешено (2-2) против Сасуоло во натпреварот од петнаесеттото коло во италијанската Серија А. Гостите поведоа со голот на Исмаел Коне во 13. минута, но „росонерите“ возвратија пред крајот на првото полувреме преку Давиде Бартезаги, кој го постави резултатот на паузата (1-1). Одлично започнаа миланезите во вториот дел, Бартезаги повторно стрелаше по само две минути игра, а потоа имаа и ...

Милан не ја оправда улогата на фаворит во пресметката со Сасуоло во првиот меч од денешната програма од 15.коло во Серија А. „Росонерите“ неколку часа ќе бидат на врвот на табелата, но можат да паднат под Наполи и Интер ако овие два тима слават на гостувањата во Удинезе и Џенова. Избраниците на Алегри одиграа само 2-2 против Сасуоло што значи дека не добија ниту еден од трите клуба кои влегоа во првата лига во оваа сезона, прво загубија од ...