Шкендија игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а прв противник им е ТНС од Велс. Тетовскиот тим првиот меч го игра на 8. јули на гостински терен, а правдата на тој дуел ќе ја дели ирскиот арбитар, Рон Хенеси. Реваншот во Скопје ќе го суди Сајат Карабајев од Казахстан. Вардар на 10. јули ја пречекува екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, тој меч ќе го суди Антоан Кјарамон од Андора, а реваншот му е доделен на Арон Вин Џонс од Велс. ...
Кошаркарите на Пелистер ќе бидат единствените претставници во европските купови во новата сезона, а битолскиот тим утре ги дознава противниците за квалификацискиот турнир во ЛШ, кој ќе се игра на крајот од септември. Патот до ЛШ е тежок, со оглед дека се играат три квалификациски турнири со осум екипи, на кои само трите победници обезбедуваат учество во групната фаза. И да доживее елиминација тимот на Пелистер, ќе продолжи во ФИБА Европскиот ...