Заклучно со 12 часот денеска, Македонија се соочува со вкупно десет пожари на отворен простор. Дел од нив се веќе изгаснати, други се ставени под контрола, но четири жаришта и понатаму активно јарат низ земјава. Најтешка е состојбата во јужниот дел, каде што на планината Кожуф, во близина на селото Петрово во општина Гевгелија, огнот проголта букова шума. Силни тимови се на терен, но поради непристапниот предел, гаснењето оди отежнато. Проблеми ...

На територијата на Македонија до утрово се евидентирани 28 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште горат, четири се под контрола, додека 21 пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Најголемите огнови се регистрирани во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода, каде гори дабова шума и папрат. Во општините Чучер Сандево и Липково, во селата Малино, Танушевци и Лукаре, со пожар е зафатена ...