Актерките Снежана Коневски-Руси и Соња Михајлова, како и актерот Гоце Тодоровски се добитниците на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Снежана Коневски-Руси e родена на 8 декември 1952 г. во Ниш. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Вишата музичка школа (Факултет за драмски уметности − Скопје), на отсекот за актерска игра, во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша ...

Емотивен почеток на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Со доделување на наградите за животно дело на тројцата добитници – Снежана Коневски-Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски – и со претставата „12“ на Македонскиот народен театар – Скопје, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворен 59-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Отворањето беше проследено со долги аплаузи, емотивни говори и солзи ...