Левица соопшти дека Декларацијата за признавање на државата Палестина, поднесена од нивните пратеници е заклучена во фиоката на Муса Џафери од ДУИ повеќе од три месеци. Потенцираат дека уредно поднесената декларација уште на самиот почеток наиде на опструкции. Најпрво, претседателот на Собранието Африм Гаши три пати ја враќаше на доработка, а потоа, претседателот на надлежната собраниска Комисија – Муса Џафери од ДУИ одби да ја стави на дневен ...

Бидејќи Декларацијата за признавање на државата Палестина повеќе од три месеци е заглавена во надлежната собраниска Комисија, Левица го повикува претседателот на Собранието – Африм Гаши да ја искористи својата деловничка обврска и оваа декларација да се стави на дневен ред конечно, велат од Левица. – За Левица е скандалозно што претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери (воедно и пратеник од ДУИ), ...