Дербито на колото во Серија А меѓу Лацио и Јувентус заврши без победник откако „лацијалите“ по голема битка, со гол во 95. минута преку Весино успеаја да избегнат пораз од големиот ривал. Јуве беше многу блиску до победата, но не успеа да издржи со играч помалку по почетничкиот потег на Калулу и заслужениот црвен картон во второто полувреме. Јувентус прв дојде во водство со голот што го постигна Коло Муани на стартот од второто полувреме.Јуве ...

Екипата на Јувентус пропушти голема шанса да направи голем чекор кон напред во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. „Старата дама“ беше на раб да извојува голема победа на гостувањето кај Лацио, откако „небесно-сините“ со погодок во шестата минута од судиското продолжение се изборија за реми и значаен бод за ЛШ. Јувентус ниту под водство на Игор Тудор не игра како што посакуваат фановите, а тоа се покажа и на дербито на ...