Струга Трим Лум во чекор го следи Силекс и успеа да стигне до петтата победа во новата сезона, во петтиот одигран натпревар од Првата македонска фудбалска лига. Стружани на домашен терен славеа против Тиквеш со убедливи 3-0 и имаат максимални 15 бода. Тиквеш добро се држеше до пред крајот на првото полувреме, кога од ВАР собата дојде барање до судијата Влатко Илиоски да го погледне дуелот меѓу Даниел Мојсов и Марјан Радески во шеснаесетникот. ...
Во моментов во тек се два дуела од тековното шесто во случајов вонредно ПМФЛ коло во кое што се среќаваат екипите на Тиквеш и Шкупи, односно Струга Трим Лум и Шкендија. На полувреме постигнат е само еден гол и тоа во Кавадарци. Во десетиците шанси кои што Тиквеш ги создаде пред противничкиот гол, единствената која што беше искористена, е онаа на Берат Садик кој што реализираше по лошата реакција на Марио Ричков во одбрана. Напаѓачот имаше лесна ...
Струга Трим Лум има максимални пет победи во досегашниот тек од шампионатот во Прва МФЛ, а денеска крај езерото гостува актуелниот шампион. Дефинитивно ова е дербито на шестото коло, а погледите на домаќинот се насочени кон напаѓачот Басиру Компаоре, кој игра во феноменална форма од почетокот на сезоната. Робусниот голгетер постигна гол на сите пет натпревари од првенството досега, а на дел од нив беше и двоен стрелец. Тоа го прави најефикасен ...