Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, денеска на прес конференција откри дека во Казнено-поправната установа Штип затвореници без никакви потешкотии добивале наркотични средства, а во целата ситуација биле инволвирани и затворски полицајци. Настанот бил целосно регистриран од надзорните камери во установата, а како што потврдија директорот на КПД Штип, Дејан Здравев, и неговиот заменик Ѓорѓи Хубев, видеоматеријалот ...
Двајца затвореници од затворот Штип доцна навечер барале дрога која им била фрлена преку ѕидот, полицајците пак им помагале и им светеле со ламби. Следниот ден кога директорот ги прашал зошто им светеле на затворениците- им одговориле дека го барале саатот на затвореникот, кој му го украла затворската кучката Цеца. Во топката што ја барале и затворениците и полицајците имало 35 грама кокаин и 50 грама марихуана, полицијата ја нашла дури следниот ...