Фудбалерите на Охрид и Брегалница одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот од 7. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Големо Коњари стигна до изненадувачки триумф на домашен терен против Кожуф Гевгелија. До сигурни победи стигнаа Скопје над Вардар Неготино (4-1) и Детонит Плачковица против Победа (3-1). Каменица САСА имаше предност од 3-1 до 90. минута, но на крајот одигра само реми 3-3 против Тетекс. Утре програмата ...

Брегалница по подолго време не успеа да слави во Втората македонска фудбалска лига и тоа на гостувањето кај Охрид. Соочувањето крај езерото заврши со најнепопуларниот резултат 0-0. Најубедлив на денешните средби од 7. коло беше составот на Скопје кој го доби Вардар Неготино со 4-1. Ова за тимот од престолнината е добар резултат со кој во одлична атмосфера ќе го дочека дербито со Брегалница во Штип кое е на програмата во наредното коло. РЕЗУЛТАТИ ...