Владата согласно своите ингеренции ќе постапува по заклучоците што вчера ги донесе Советот на Град Скопје за дислокација на цементарницата УСЈЕ и за вонредни инспекциски контроли врз големите загадувачи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на 120 нови полициски возила за потребите на МВР, тој нагласи дека континуирано се прават вонредни инспекциски контроли. – Што се однесува до ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решение за воздухот во Скопје е системско решение кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на домовите на граѓаните од источниот и западниот дел на градот каде што нема мрежа за централно парно греење. Тој денес кажа дека дислокација не е проблем за Владата, но решението смета дека треба да е системско и сеопатно оти има градови во кои нема такви големи капацитети, а загадувањето е високо. „Што се ...