„Три Марии“, романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, е годинашниот добитник на наградата Рациново признание, што ја доделува општината Велес во рамките на манифестацијата „Рацинови средби“. Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 12 јуни на отворањето на 62. издание на Рациновите средби во Велес. Романот содржи три самостојни приказни за три различни жени кои носат исто име – Марија и кои сакаат да ги напуштат моментните ...

Во Театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес синоќа на годинашната добитника Оливера Ќорвезировска и беше врачено „Рациновото признание“ за 2025 година. Ќорвезироска ја доби наградата за делото „Три Марии“ во издание на „Арс Ламина“, а наградата се состои од плакета и паричен износ од илјада евра во денарска противвредност. Обраќањето на Ќорвезировска беше насловено „Никогаш ништо не почнува од нас“. Ние, нашите букви, нашите книжевни ...