Денешниот ден 14 јуни е со златни букви запишан во историјата на Вардар, бидејќи на овој ден во 1987 година, Вардар стана шампион на Југославија и е единствен клуб од Македонија кој успеал во тоа. Тимот предводен од Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски успеа да освои 38 бодови, со 15 победи и 8 нерешени средби, од вкупно одиграните 34 првенствени натпревари. Во таа сезона поради лажирање на натпревари во ...

На денешен ден во 1987 година Вардар испиша историја и за првпат стана шампион во тогашниот шампионат на Југославија. Андон Дончевски беше предводник на тимот во сезоната која на вардарци им го донесе големиот успех. На 34 натпревари македонскиот клуб запиша 15 победи, 8 нерешени средби и 11 порази. Голем дел од прволигашите ја започнаа сезоната со шест бодови помалку. Причина за тоа беше скандалот со лажирање на натпревари во претходната ...