Локалитетот Виничко кале, познат по Теракотните икони што укажуваат на ранохристијанското минато на ова тло, од следната година ќе се истражува, конзервира и ревитализира, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на локалитетот. Во проектот ќе бидат вклучени сите надлежни институции: министерството, Националниот конзерваторски центар, Археолошкиот музеј и Виничкиот музеј на Теракоти. Целта е Виничкото кале да ...
Министерството за култура и туризам, за 2026 година најавува отпочнување на сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за домашна и светска јавност. Покрај бројните артефакти и градби, ...

