Илјадници Турци излегоа синоќа на улиците во поголемите градови Турција трета ноќ по ред, барајќи од властите да го укинат притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пренесе МИА. Протести имаше во Истанбул, Анкара и Измир и покрај забраната за јавни собири, објавија локалните медиуми. Во Истанбул луѓето извикуваа пароли како „Влада, оставка!“ Полицајците употребиле солзавец против демонстрантите кои сакале да ја пробијат ...

Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи. Во понеделникот вечерта повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, пренесува РИА Новости. Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул, соопшти агенцијата. Политичката ...