Раководството на Саутемптон одлучило да се раздели со Иван Јуриќ по завршувањето на сезоната. Хрватот го замени Расел Мартин во декември, но оттогаш „светците“ имаат само една победа. Договорот на Јуриќ е на 18 месеци, но тој сигурно нема да го води тимот следната сезона во Чемпионшип. Според „Сан“, клубот веќе избрал негова замена, а тоа е актуелниот менаџер на Шефилд Венсдеј, Дени Реул. Единствен проблем е обештетувањето што ќе треба да го ...
Тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуацил, изјави дека луѓето кои го избираат неговиот тим како фаворит против Манчестер Јунајтед „не разбираат ништо од фудбалот“. Обложувалниците сметаат дека шпанскиот тим е фаворит за победа во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа, но Иманол ги отфрла таквите разговори, пренесе Ројтерс. „Доколку некој го избере Реал Сосиедад за фаворит, тој не знае ништо за фудбалот и за тоа каков клуб имаме ...