По реферирањето на новиот директор на АНБ пред пратениците за случајот со контроверзниот Украинец Онишченко, за јавноста ќе остане тајна какви пропусти се направени. Опозицијата смета дека поранешниот директор Димовски е директно одговорен за скандалот и не треба да биде амбасадор во Франција. Под превезот на државна тајна помина денешната седница на комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за ...

Со оглед на доверливоста на информациите, од Агенцијата за национална безбедност не информираа за определени системски пропусти и со дел од законските решенија во врска со случајот Онишченко. Добивме еден редослед на тоа што се случувало, од објавувањето од страна на медиумите се до денеска, изјави денеска претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов по ...