Билетите за траект во Грција ќе поскапат од 1 мај за 12 до 15 отсто, се вели во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на SEEN Дионисис Теодоратос објасни дека зголемувањето на цените на фериботите во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија (ЕУ) за поморско гориво. Тој додаде дека здружението истражува алтернативни решенија за да го минимизира ...

Од 1 мај 2025 година, Средоземното Море официјално ќе стане област за контрола на емисиите на сулфур (SECA). Оваа ознака бара бродовите да користат гориво со содржина на сулфур не повеќе од 0,1 отсто, што е значително пониско од традиционалното гориво. Сепак, овие горива со ниска содржина на сулфур се 35 до 40 проценти поскапи од конвенционалните горива. „Значаен дел од овие трошоци ќе се рефлектираат во цените на билетите“, објаснува ...