Три дена горешници, утре Огнена Марија, граѓаните ги посетуваат градските гробишта во Штип. Во овие заклучно три дена, постарите штипјани велат дека не се работи, а се оди само на гробишта за да си исчистат и измијат гробовите. Со стомна вода во рака,традицијата живее и годинава, а штипјаните доследни на неа, како што го правеле и нивните претци, се впуштаат во оваа едноставна, но многу важна обврска. Традицијата е жива, а грижата за гробовите ...

Денеска православните христијани го одбележуваат празникот посветен на Светата великомаченичка Марина, меѓу народот позната како Огнена Марија. Овој ден е длабоко вкоренет во народната традиција и е особено почитуван, особено меѓу жените. Света Марина се смета за огнена светителка, исто како Свети Илија. Според народните верувања, таа „пали и казнува со оган“ оние што не го почитуваат денот. Затоа, на 30 јули не се извршуваат домашни ниту полски ...