Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната 532. Седница на Судскиот совет, Камбовски посочи дека местото во каде што беше колешката Елизабета Дуковска е место коешто го предлага Судскиот совет, а додека во поглед на судијката, професорката Јадранка ...

Камбовски вели дека имало различни мислења во однос на постапката за избор по пресудата на Управниот суд, но верува дека се пред нивно усогласување Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, денеска изјави дека се надева оти до крајот на годината, Советот ќе успее да предложи нов член на Уставниот суд од редот на судиите. Ова место е испразнето откако Управниот суд го поништи изборот за уставен судија на судијката Елизабета Дуковска. ...