Околу 200 студенти од Ниш утрово пеш тргнаа кон Крагуевац, каде на Сретење ќе се сретнат со своите колеги од цела Србија, пренесуваат српските медиуми. Придружувани се од неколку студенти на Природно-математичкиот факултет во Крагуевац, кои дојдоа да дадат поддршка и со своите колеги да направат патување од околу 150 километри. Според нив, во Алексинац е предвидено да пристигнат вечерва околу 18 часот. Таму, велат, им било обезбедено спиење во ...

Студентите кои повеќе од два месеци ги блокираат факултетите, барајќи кривична и политичка одговорност за смртта на 15-те луѓе при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, денеска тргнаа пеш од Белград и Ниш кон Крагуевац, за да им се придружат на своите колеги на протестот најавен за националниот празник Сретение Господово кое ќе се одржи на 15 февруари, јавува Радио Слободна Европа. Колоната студенти тргна од Белград пред ...