„Денес Нигер, вчера Мали, Централно африканската република и Бурикна Фасо ја отфрлија Франција, француската војска и француските компании. На наше место, по неуспехот на операцијата Бархан, дојде Вагнер, кој ни најмалку не е загрижен за човековите права и демократијата, но е совршено достапен на сите диктатори и лидери кои сакаат да се одржат на власт со обединување на своето население против старата 'колонијална сила,“ пишуваат сенаторите, ...
Во отвореното писмо до Емануел Макрон, објавено во весникот „Фигаро“, 92 француски сенатори му посочуваат на францускиот претседател дека неуспесите на Париз на полето на воената, политичката и културната соработка со Африка доведоа до интензивирање на антифранцуските чувства на континентот, а тоа се чувствува и во држави како Сенегал и Брегот на слоновата коска, кои претходно како што велат беа наклонети кон Франција. Ситуацијата станува сè ...