Англија по првото полувреме води со 1-0 против Албанија во меч од квалификациите за СП 2026, а стрелец на голот беше Мајлс Луис-Скели од Арсенал, кој испиша историја. Луис-Скели со 18 години и 176 дена е најмладиот фудбалер кој постигнал гол на својот прв натпревар во дресот на англиската репрезентација. Голот погледнете го ТУКА. Вечерва деби за Англија има и селекторот Томас Тухел, а во книгата на рекорди се запиша и Џуд Белингам кој имаше ...
Младата англиска ѕвезда, Мајлс Луис-Скели вчера против Албанија постави нов рекорд. Препорачано Скели во првото полувреме ја доведе Англија во водство, а со тој гол стана и најмладиот стрелец за „Гордиот Албион“ на своето деби. Рекордот пред него го држеше Маркус Рашфорд кој против Австралија во 2016 година дебитираше со гол на 18 години и 209 дена. Скели во листата на стрелци во својот прв натпревар успеа да се запише на 18 години и 176 дена. ...