Финансиска истрага: Поранешниот директор на СОЗР под лупа за злоупотреба и поткуп Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески, осомничен за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена положба, примање поткуп и несовесно работење. Во истрагата е опфатено и едно физичко лице – сопственик и управител на компанија која соработувала со СОЗР, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење ...