Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. Таа во поткаст вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот. Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како ...
Предметот отворен против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети е во предистражна фаза, потврдуваат од Обвинителството за ТВ21. Случајот беше покренат откако двајцата завршија на американската црна листа, поради мито, со цел да се одолговлекува судскиот процес против Сашо Мијалков, за незаконското прислушување. „Од Судскиот совет е обезбедена документацијата за дисциплинската постапка водена против наведениот ...