Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се сомнева во учеството на напаѓачот Ерлинг Халанд во натпреварот од 26. коло на англискиот шампионат против Ливерпул. – Дали Халанд ќе игра? Уште не знам. Ќе дознаеме утре. Да, можеби ќе може да игра, но сè уште нема точни информации. Ќе тренираме денес, а потоа ќе биде подложен на тестови“, изјави Гвардиола, за „ESPN“. Манчестер сити утре ќе го пречека Ливерпул. Натпреварот започнува во 17:30 часот. ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе беше опериран на забот и не тренираше со тимот пред гостувањето на Реал Сосиедад во првиот полуфинален натпревар од турнирот во Копа дел Реј. Се очекува Французинот да го пропушти гостувањето во Сан Себастијан за да биде во топ форма за натпреварите со Бетис во Ла Лига и особено со Атлетико (Мадрид) во Лигата на шампионите. Карло Анчелоти најверојатно ќе го одмора и Федерико Валверде за мечот со Реал, ...