Нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат, вели премиерот Христијан Мицкоски. -Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека убедливо ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа јасна и чиста победа. Нема пресметка во која тие би победиле ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на прославата на државниот празник денот на ВМРО, 23 Октомври, ја нападна опозцијата велејќи дека доживеала политички нокаут и дека со „нереални математики дополнително го иритира народот“, и дека не научила ниту една лекција. „Нема пресметка во која тие би победиле на каков било начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и ...