Кошаркарите на ТФТ ја обезбедија и четвртата победа од почетокот на сезоната, откако вечерва во СРЦ Кале успеаја тесно да го совладаат тимот на Маџари со 79:76. Новајлијата во елитата, екипата на Маџари, уште еднаш потврди дека е рамо до рамо со сите клубови во лигата, но и овој пат гостите немаа сили да го направат тој последен исчекор кон победа. За нив ова беше четврти пораз, сите во неизвесни завршници на натпреварите. Маџари и вечерва ...

Благодарение на пресвртот во последната четвртина, кошаркарите на ТФТ ја совладаа екипата на Војводина со 75-71 во второто коло од АБА 2 конкуренцијата, и така дојдоа до вториот триумф во ова натпреварување. Натпреварот беше своевидна вртелешка во резултатот, а повеќе водство имаа гостите. Во последниот период влегоа решително да го решат победникот, поведоа и со девет поени разлика (56-65), но тоа не беше доволно. ТФТ покажа карактер, направи ...